25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault TALISMAN - официјално (фото+видео)

Renault TALISMAN – официјално (фото+видео)

talisman

„Renault“ официјално го претстави целосно новиот предлог од сегментот „D“. Седанот се нарекува „TALISMAN“, а на пазарот истовремено ги заменува „Laguna“ и „Latitude“. Овој модел ќе има јавна премиера во Франкфурт во септември.

talisman1

Моделот е базиран на новата модуларна платформа „CMF“ која му обезбедува меѓуоскино растојание од 2,81 метри. Вкупната должина е 4,85 м., висина – 1,46 м., а широчината – 1,87 м. Волуменот на багажникот достигнува 608 литри, додека стандардно задното седиште е поделено во сооднос 60/40.

talisman2

Што се однесува до дизајнот, тој е далеку подинамичен и емоционален од оној на неговите претходници. Во предниот дел „Renault TALISMAN“ е опремен со масивна хромирана решетка на ладилникот, „Full-LED“ светла и атрактивни дневни „LED“ светла кои се наоѓаат под главните фарови. Оние позади исто така се опремени со „LED“ технологија, а имаат 3D дизајн, претставен кај кросоверот „Kadjar“.

talisman3

Внатрешноста изгледа прилично стилски и елегантна, но и покрај тоа дизајнерите обезбедиле голем број места за чување на мали предмети, чиј вкупен волумен достигна 25 литри. Од француската компанија прецизираат дека растојанието за колената за патиците кои се возат позади е 262 мм. Основните верзии се опремени со 4,2-инчен дисплеј на централната конзола, додека кај повисоките нивоа на опрема е достапен инфо-забавниот систем „R-Link 2“, комбиниран аудио-системот од „Bose“. Централниот дел на таблата со инструменти исто претставува мултиекран.

talisman4

Спекатрот на мотори е претставена од два бензински и три дизел мотори.

talisman5

Бензинските агрегати се опремени со турбо – „TCe 150“ и „TCe 200“, и развиваат 150 и 200 КС, соодветно. Овие мотори се опремени стандардно со 7-брзински автоматски менувач со две спојки.

talisman6

Дизел верзиите – „dCi 110“ и „dCi 130“, се нудат со 6-брзински мануелен менувач или со горенаведениот 7-брзински автоматски менувач, додека најмоќниот дизел со 160 КС е опремен стандардно со 6-брзински автоматски менувач со две спојки.

talisman7

Инженерите на „Renault“ ја имаат воведено во моделот и технологијата „4Control“, позната од „Laguna“. Новина е активната суспензија „Multi-Sense“ која нуди 5 режими на работа – „Comfort“, „Sport“, „Eco“, „Neutral“ и „Perso“.

talisman8

Уште при пазарната премиера на новиот „Renault TALISMAN“ ќе биде достапна и максималната верзија „Initiale Paris“. Таа покажува голем број на уникатни елементи во екстериерот и ентериерот, меѓу кои кожниот тапацир „Nappa“, уникатната црна боја за каросеријата, контрастни шевови и друго.

Јавната премиера на моделот ќе се одржи во септември во Франкфурт, а стартот на продажбата е закажан за крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП