19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: ММФ подготвен да и помогне на Грција

Лагард: ММФ подготвен да и помогне на Грција

Christine-Lagarde-EU-IMF-660x330

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави во понеделник дека оваа институција „е подготвена да и помогне на Грција ако тоа биде побарано од неа“.

Изјавата на Лагард е прва реакција од ММФ на неделниот референдум на кој грчките гласачи со убедливо мнозинство од 60 отсто го отфрлиле предлогот на кредиторите за продолжување на мерките за штедење.

„Внимателно ја следиме ситуацијата“, рече Лагард.

Грција доцни кон ММФ бидејќи не му плати рата од долгот од 1,5 милијарди евра, што требаше да ја исплати до 30 јуни.

ММФ потоа соопшти дека не може да учествува во понатамошните програми за помош на Грција додека таа земја доцни со исплатата.

ММФ минатата недела сугерираше дека на Грција ќе и биде потребно отпишување на долговите, како и нова финансиска помош од 60 милијарди евра до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП