2 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДел од новитетите кои може да се најдат во новото Audi A4...

Дел од новитетите кои може да се најдат во новото Audi A4 (фото)

cetvorce

Во последните децении на пазарот на спортски седани доминираше „Серија 3“, моделот на „BMW“.

Но од луксузната поделба на германскиот концерн „Volkwagen“ – „Audi“, се ангажирале да го променат тоа со новиот модел „A4“. Ова ќе е четвртата модификација на возилото, која ќе ја замени веќе седумгодишната последна варијанта на компактниот седан.

cetvorce1

Моделот „Audi A4“ се очекува да се појави во салоните во Европа во ноември. Многу напори се вложени во веќе презентираната модификација, а таа ќе се одликува со сериозни подобрувања во однос на својот претходник.

cetvorce2

Новото „A4“ ќе е за 21% поефикасно од стариот модел. Употребата на нови материјали ќе го направи моделот за 120 килограми полесен. Тој ќе биде со најдобра аеродинамична форма во својата класа, а коефициентот на отпор ќе е едвај 0.23.

cetvorce3

Највпечатливото кај „A4“ сепак е поврзано со новиот ентериер. Тој е позајмен од луксузниот модел „A8“, па возилото ќе располага со информациски систем со 8.3-инчен дисплеј. Друга иновација е трансформирањето на рачната табла во „виртуелна табла за управување“. Таа е со можност за целосна персонализација и со 12,3 инчен дисплеј.

cetvorce4

Дел од новините кај моделот вклучуваат можности за безжично полнење на телефоните, како и паметен и адаптивен автопилот.

cetvorce5

Во однос на техничките параметри возилото ќе се одликува со 2-литарски турбо мотор со 4 цилиндри и моќност од 190 коњски сили. Моделот ќе се појави и во модификацијата „Avant“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП