21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто Lenovo K3 Note е најдобар евтин смартфон

Зошто Lenovo K3 Note е најдобар евтин смартфон

k3 note

По успехот на најевтините модели „A5000“ и „А6000“, Lenovo не запира да презентира на пазарот нови предлози во најниската ценовна класа, а секој од нив се одликува со се подобри технички карактеристики.

Таков е случајот и кај претставениот модел „K3 Note“ (обновената верзија) кој ќе се појави на пазарот во овој месец.

k3 note1

Смартфонот нуди 5.5-инчен дисплеј со „FHD“ резолуција (1920×1080 пиксели) и 401 точки по инч. Индикаторите со кои се одликува во моментов ги користат моделите во средната класа. Овој уред е со исклучително продуктивен процесор – осумјадрен „MediaTek MT6752“ со фреквенција од 1.7GHz. Тој ќе им обезбеди на корисниците 2 GB RAM меморија, повторно нетипична за моделите од ниската ценовна класа одделение.

Уредот постигнува исклучително висок резултат во популарниот тест „Antutu“ – 42.964 поени. За споредба, популарниот премиум модел на „Xiaomi“ – „Mi4“, постигна само 34.081 поени на истиот тест.

k3 note2

Во однос на внатрешната меморија, „Lenovo K3 Note“ ќе располага со 16 GB, но таа ќе може да се прошири со картичка до 32 GB. Моделот исто така располага со извонредена 13-мегапикселна камера со двоен „LED“ блиц како и 5-мегапикселна задна камера. Смартфонот ќе е тенок само 8 милиметри.

Сериозна е и батеријата на новиот уред, која е со капацитет од 3000 mAh. Оперативниот систем е „Android 5.0 Lollipop“.

k3 note3

Сето ова ќе се нуди најверојатно по цена од околу 160 долари на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП