28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Нова победа на Хамилтон на домашен терен

Ф1: Нова победа на Хамилтон на домашен терен

1992

Британскиот пилот во тимот на „мерцедес“ Луис Хамилтон славеше по третпат на домашната патека Силверстон, на Големата награда на Велика Британија.

Хамилтон тргна од првата стартна позиција, но не водеше од почетокот до крајот. Го изненадија стартовите на Фелипе Маса и Валтери Ботас, кои по првиот свиок беа на водечката позиција. Нико Розберг, тимскиот колега на Хамилтон, од втората падна на четвртата позиција.

Доста долго двата болида на Вилијамс ја држеа водечката позиција, а потоа падна првиот дожд. Тоа му овозможи на Хамилтон да се врати на челната позиција, а нешто подоцна и на Розберг на втората.

Откако на патеката заврна и по вторпат, ситуацијата ја искористи Себастијан Ветел, кој пред сите стави пневматици за дожд, а потоа и извозе одличен круг.

На крајот Хамилтон заработи нови 25 бодови, Розберг 18, а Ветел 15. Во генералниот пласман ситуацијата е иста како и на минатата трка, само што разликата меѓу тројцата споменати возачи малку е зголемена.

Следува тринеделна пауза, а потоа Големата награда на Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП