15 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританци даваат пари за непостоечки модели

Британци даваат пари за непостоечки модели

tvr kolicak

Ревитализираната британска компанија „TVR“ веќе започна да прима нарачки за своите нови суперавтомобили кои уште не се претставени пред публика.

Претплатата за автомобилите е 5000 фунти, а за членовите на клубот на сопственици на „TVR“, таа изнесува 2500 фунти, соопштува „Autocar“.

„Навистина сме шокирани од реакцијата на луѓето околу веста за нашиот нов автомобил. Телефоните буквално ни прегреаа, истото се случи и со системот за онлајн нарачки. Затоа сме принудени да направиме листа со нарачки, како и распоред за снабдување на клиентите со автомобили“, коментира оперативниот директор на „TVR“, Џон Чејс.

Топ менаџерот додаде дека во прво време волуменот на производство ќе бидат ограничен, а предност ќе имаат оние клиенти кои веќе дале капар за возило. Во „TVR“ во моментот се развиваат 4 модели кои сепак ќе се појават на пазарот не порано од 2017-та година.

Со техничките детали на машините се занимава легендарниот конструктор Гордон Мареј, кој учествуваше во изработката на „McLarenF1“. Конструирањето на 8-цилиндричен мотор е доверено на фирмата „Cosworth“, додека изгледот на автомобилите ќе биде во стилот на досегашните модели на „TVR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП