2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC веќе подготвува наследник на One M9

HTC веќе подготвува наследник на One M9

j 33

Моделот „HTC One M9“ не го импресионираше до толку пазарот колку што се очекуваше, па поради тоа компанијата наверојатно веќе работи на неговиот наследник.

Новиот уред се развива под кодното име „HTC Aero“ и ќе има камера која ќе постави нови стандарди. Наследникот на смартфонот „One M9“ ќе прави подобри фотографии во услови на слабо осветлување, а ќе може да прави и фотографии во „RAW“ формат.

„HTC“ и претходно постави стандарди кога станува збор за камерите со претставувањето на паметниот телефон „One M8“ со „Ultrapixel“ камера, а таа подоцна беше заменета со камера од 20 мегапикели која сега се користи во моделот „One M9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП