22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИYelp привремено се откажа од продажба

Yelp привремено се откажа од продажба

yelp 3003

„Yelp Inc“, компанијата која стои зад сајтот за трговија „Yelp.com“, привремено се откажа од продажба, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се извори запознаени со ова прашање.

Досега има неколку заинтересирани кандидати за стекнување на компанијата, кои се појавија откако таа ја ангажираше „Goldman Sachs Group“ за да и најде купувач.

Цената на акциите на „Yelp“ падна за 10,04% или до 38,18 долари на 2-ри јули, а нејзината пазарна капитализација пак достигна 3,2 милијарди долари.

„Yelp“ може да се одлучи на конечна продажба, ако извршниот директор Џереми Стоплман ја смени одлуката. Не е јасно кои се кандидатите за купување на компанијата, ниту зошто Стоплман одлучил да го запре процесот на продажба.

Од компанијата не сакаа да коментираат на ова тема.

„Yelp“ работи со инвестициски банки со кои разговараше за продажба, која може да и донесе повеќе од 3,5 милијарди долари, објави во мај „Wall Street Journal“.

Растот на бројот на претплатници на сајтот се забавува во позадина на се поголемата конкуренција на пазарот во САД. Затоа компанијата се обидува да го прошири својот бизнис на други пазари и да ги прошири своите услуги, вклучувајќи резервации за ресторани, управување со настани и плаќања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП