2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi стигна до рекордна продажба, но целта е многу поамбициозна

Xiaomi стигна до рекордна продажба, но целта е многу поамбициозна

dir xiaomi 333

Кинеската компанија „Xiaomi“ објави дека во првата половина од оваа година продала 34,7 милиони телефони.

Имајќи во предвид дека веќе е јули, сега може да се каже дека компанијата мора да смисли нешто исклучително за да ја оствари целта која ја има зацртано за оваа година.

Директорот на компанијата уште одамна соопшти дека тие оваа година очекуваат продажба на 100 милиони смартфони.

Бројката од 34,7 милиони телефони секако е импресивна, а уште повеќе добива на значење ако се знае дека таа бројка на продадени телефони на купувачите, а не испорачани во малопродажба. Исто така, тоа е дури 33 проценти повеќе отколку што „Xiaomi“ имаше продадено во истиот период од минатата година.

Според ова, „Xiaomi“ многу лесно ќе го подобри сопствениот рекорд од минатата година кога продадоа 64 милиони смартфони, што ќе ги смести меѓу најголемите производители на телефони во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП