2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе ја прави G-Class додека има побарување

Mercedes ќе ја прави G-Class додека има побарување

klasa g 33

„Mercedes-Benz“ нема намера да го прекине производството на теренецот „G-Class“, иако се пожестоки се еколошките барања. Тоа го изјави за „Car Advice“ потпретседателот на брендот, Волф-Дитер Курц.

Топ менаџерот кој е одговорен за производната линија на спортски модели и теренци на „Mercedes-Benz“, додаде дека во компанијата немаат грижи од постојано намалување на нормите за штетни гасови.

„Додека има интерес кон „G-Class“, ние ќе го произведуваме. Може дури да соопштам дека работиме на надградба на моделот што ќе влијае не само моторите, туку и на конструкцијата“, вели Курц.

Тој додаде дека најверојатно модернизираниот теренец ќе се појави уште во 2016-та година.

Потпретседателот на „Mercedes“ беше запрашан за судбината на популарниот „коцкаст“ автомобил, откако од „Land Rover“ најавија дека запираат со производството на класичниот „Defender“, бидејќи тој нема да одговара на новите барања за екологија. Според Курц, ова решение на Британците ќе биде само од корист на неговата компанија.

„Секогаш сум многу среќен кога некој од нашите главни конкуренти го напушта пазарот. Сигурен сум дека повлекувањето на „Defender“ ќе се одрази позитивно на продажбата на „G-Class“, коментира Курц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП