27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфонот на TCL се отклучува со скенирање на окото

Смартфонот на TCL се отклучува со скенирање на окото

tlc mob

Tехнологијата која засекогаш ќе го промени светот на електронските уреди, зачекори на „голема врата“.

Имено, производителот на мобилни уреди „TCL“ ја разви технологијата „Eyeprint identification“, која со помош на скенирање на рожницата го отклучува уредот на уште побезбеден начин.

Ова воедно е и една од главните предности на овој 5-инчен уред кој доаѓа со осумјадрен процесор со такт од 1.5Ghz, 2GB RAM, 16GB интерна меморија, 13MP задна и 8MP предна камера, како и одличен „FullHD“ екран со резолуција од 1920×1080 пиксели или дури 443 пиксели по инч.

Покрај сето тоа, уредот чини само 139 долари.

Батеријата исто така е солидна, 3050mAh, па така може да се каже дека овој уред припаѓа во средна класа, но вреди да се спомене дека токму „TCL“ е еден од седумте најголеми кинески производители на смартфони, што влева нешто поголема доверба во овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП