6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH.J. Heinz го затвори договорот за купување на Kraft Foods

H.J. Heinz го затвори договорот за купување на Kraft Foods

artikle 3030

Американскиот производител на кечап „HJ Heinz Co“ го затвори договорот за купување на „Kraft Foods Group Inc“. На овој начин се создаде третата по големина компанија во прехранбената индустрија во Северна Америка и петта по големина во светот, објави „Reuters“.

Новото друштво – „Kraft Heinz Co“, ќе генерира приходи од 28 милијарди долари годишно од брендови од родот на топени сирења „Philadelphia“ и „Velveeta“, замрзнатите месни производи „Oscar Mayer“, кафето „Maxwell House“, замрзнатите производи „Ore-Ida“, бонбоните „Jell-O“, како и сирењата „Kraft“ и кечапот „Heinz“.

Финансискиот конгломерат „Berkshire Hathaway Inc“ и бразилската инвестициска компанија „3G Capital“ кои го купија „Heinz“ во 2013-та година, поседуваат 51% од „Kraft Heinz“ и контролираат 6 од 11-те места во бордот на директори.

Едното место е за шефот на „Berkshire“, милијардерот Ворен Бафет. Владејачкиот партнер на „3G“, Алекс Беринг е претседател на Одборот на „Kraft Heinz“.

Поголемиот дел од највисокото раководство на новата компанија доаѓа од „Heinz“, вклучувајќи го и извршниот директор Бернардо Хеес.

„3G“ е позната по тоа дека ги следи внимателно трошоците. Од таму велат дека до 2017-та година може да ги намалат годишните трошоци во „Kraft Heinz“ за 1,5 милијарди долари.

Акционерите на „Kraft“ одобрија спојувањето на 1-ви јули.

Oд 6-ти јули новата компанија ќе се тргува на „Nasdaq“ со симболот „KHC“. Акционерите на „Kraft“ добиваат акции на „Kraft Heinz“ и посебна дивиденда за 10 милијарди долари.

„Kraft Heinz“ ќе има две централи – едната во Питсбург, каде е базиран „Heinz“, и другата во регионот на Чикаго. „Kraft“ се наоѓа во предградието на Чикаго, Нортфилд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП