2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСолар Импулс 2 го собори рекордот во најдолг непрекинат лет без дотур...

Солар Импулс 2 го собори рекордот во најдолг непрекинат лет без дотур на гориво

solar-impuls-dva

Авионот Солар Импулс 2 го собори рекордот во најдолг непрекинат лет без дотур на гориво, објави BBC во четврток.

Овој соларен авион постигна рекорд летајќи 76 часа, во најдолгата делница на патот околу светот.

Пилотот Андре Боршберг без проблем го остварува првиот прелет на соларниот авион над Пацификот.

Откако во понеделникот ја напушти Нагоја во Јапонија, го прелета островот Мидвеј, го продолжува патот кон конечната дестинација во Калаелоа, на Хаваите.

Леталото тргна на пат околу светот долг 35.000 километри на 9 март од Абу Даби, со цел да ги промовира обновливите извори на енергија, посебно на соларната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП