2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ќе му конкурира на YouTube со видео реклами и музика

Facebook ќе му конкурира на YouTube со видео реклами и музика

A view of Facebook's logo May 10, 2012 i

„Facebook“ ја проширува својата стратегија за директна конкуренција со видео порталот „YouTube“. Социјалната мрежа подготвува нова функција „препорачано видео“ со реклами, од кои ќе заработува како таа, така и креаторот на видеото, соопштува списанието „Variety“.

Компанијата веќе започна со тестови, а има склучени партнерства со „NBA“, „Fox Sports“ и други. „Facebook“ ќе задржува 45% од приходите од реклами, колку ќе добие и „YouTube“. Социјалната мрежа планира и создавање на плеер со препорачани видеа, а меѓу нив ќе се прикажуваат реклами.

„Медиумските компании и креаторите на видеа редовно ни велат дека ако можеа да заработат пари од клиповите, би објавиле повеќе. Освен тоа слушаме дека добиваат доста вредност од дистрибуција и промоција на своето видео на „Facebook“ и сметаме дека нашиот нов производ ќе го зголеми ефектот“, коментира потпретседателот на „Facebook“, Дан Роуз.

Засега рекламите меѓу клиповите ќе се само од „Facebook“. Компанијата сепак не ја исклучува можноста во подоцнежна фаза да дозволи и реклами од надворешни извори. Предметните препорачани видеа ќе бидат прикажани во „News Feed“ заедно со останатите и за тоа нема да се плаќа дополнително, коментира Роуз.

Претстојат уште тестови и анализи пред новата услуга да биде активирана за сите корисници. Компанијата ќе бидат во согласност со спецификите на повеќето клипови кои се споделуваат на „Facebook“. На пример, тие да се кратки и нема смисла рекламите да се подолги од самиот клип.

Реклами за нас, музика за вас

Целта на социјалната мрежа е да привлече и да ги задржи потрошувачите кои се повеќе консумираат онлајн видео записи. Затоа компанијата преговара и за партнерства со водечките издавачки компании, соопштува интернет изданието „The Verge“.

Засега преговорите се прелиминарни, а компанијата нема конкретна идеја и само проверува дали има интерес од музичката индустрија. Главната цел е да се измислуваат начини кои ќе ги задржат корисниците на социјалната мрежа уште подолго. Пример преку видео и музика, слично на „YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП