12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault-Nissan се пофали со 250.000 електрични автомобили (фото+видео)

Renault-Nissan се пофали со 250.000 електрични автомобили (фото+видео)

e zoe

Со продажба на 250.000 електрични возила се пофали алијансата „Renault-Nissan“. Производителот го постигнува овој резултат само за 4,5 години по пазарната премиера на својот прв електричен автомобил.

Јубилејниот модел е „Renault Zoe“, купен од компјутерски инженер од Бордо, Франција. Сопственикот имал корист од програмата на локалната власт, преку која го приложил својот 21 година стар дизел автомобил, добивајќи 10.000 евра попуст од цената на електричното возило.

e nisan

Главен двигател на постигнувањето сепак е моделот на „Nissan“ – „Leaf“, кој е и најдобро продаваното електрично возило во Европа. Од овој модел беа реализирани вкупно 180.000 примероци на светските пазари. Втор по популарност е „Renault Zoe“, на кој се должат околу 60.000 од глобалната продажба на компанијата. Во палетата на електрични автомобили на „Nissan“ присутен и „е-NV200“, додека француската марка ги нуди моделите „Kangoo ZE“, „SM3 ZE“ и „Twizy“.

Во меѓувреме алијансата „Renault-Nissan“ соопшти дека предвидуваат зголемување на продажбата на електрични автомобили за периодот јануари – мај 2015-та година. На светските пазари производителот има пласирано 31.600 електрични возила, или за 15% повеќе од истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП