28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6s ќе овозможи двојно побрза 4G LTE конекција

iPhone 6s ќе овозможи двојно побрза 4G LTE конекција

9to5mac_6s3

Според најновите информации, „iPhone 6s“ ќе има двојно побрза „4G LTE“ конекција, кога ќе биде претставен подоцна во оваа година.

Како што објави интернет страната „9To5Mac“, „Apple iPhone 6s“ ќе биде опремен со новиот „Qualcomm MDM9635M“ модемски чип, кој е способен да поддржи максимална „LTE“ брзина на превземања до 300 Mbps и „upload“ брзина до 50 Mbps.

9to5mac_6s16

Од „Qualcomm“ објавија дека новиот модел е и енергетски поефикасен од претходниот, што може да овозможи подолг работен век на батеријата на новите „iPhone“ модели.

Покрај информацијата за модемот, новите податоци укажуваат и на тоа дека „iPhone 6s“ ќе има матична плоча која ќе биде покомпактна отколку што тоа беше случај кај моделот „iPhone 6“, а тоа остава простор за поголема батерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП