21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Citroen C5 „бега“ од Европа

Новиот Citroen C5 „бега“ од Европа

c 5 model evropa

Групацијата „PSA Peugeot Citroen“ подготвува замена на веќе застареното семејство „Citroen C5“. Изданието „Automotive News“ објави дека новиот модел на Французите ќе биде ориентиран најмногу кон пазарот во Кина и најверојатно нема да се нуди во Европа.

„Во многу блиска иднина „Citroen“ ќе направи кардинално обновување на целото семејство „C5“, а моделите ќе се составуваат и продаваат во Кина, како и во некои други азиски држави“, признава шефот на „Citroen“, Линда Џонсон.

Главната причина за оваа одлука на компанијата е континуираниот пад на продажбата на средноразмерни автомобили (претежно седани) во Европа. Со секоја измината година побарувачката за овие автомобили се намалува во корист на поголемата популарност „SUV“.

Џонсон открива дека во 2014-та година во Европа се продадени едвај 17.911 примероци од седанот и караванот „C5“, чија последна генерација излезе уште во 2008-ма година, а тоа е за 27% помалку од 2013-та година. Во исто време интересот за кросоверите и теренците на Стариот континент се зголеми за 21%. Во моментов „C5“ го зазема 9-то место по популарност во својот сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП