2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКруна на бизнис технологијата: Цела канцеларија во телефон

Круна на бизнис технологијата: Цела канцеларија во телефон

zenfon 3003

Откако „BlackBerry” полека ја губи битката на пазарот на бизнис телефони, ниту еден од производителите на смартфони не успеа да се наметне како апсолутен фаворит за привлекување на бизнис клиентите.

Tој потенцијал очигледно го препозна „Asus” со својот „Zenfon” кој всушност претставува канцеларија во мало. Новите апликации спречуваат било какви изненадувања, кога станува збор за презентации или извршување на едноставни задачи, па така телефонот може да се поврзе со печатачи од најновата генерација и да печати документи.

Тука е и апликацијата за правење видео-снимки и презентации, што исто така помага доколку немате време за работа на компјутер.

„Zenfon” го претстави и најновиот помошник кој секое утро поднесува извештај за времето, курсните валути и обврските за тој ден.

Кога станува збор за камерата, тука е 13 мегапикселна на позадината со два блица и квалитетна фотографија и можност за снимање на видео во „HD“ од 1.080 пиксели. Батеријата исто така е сојузник на овој телефон, а доаѓа со брзо полнење, па така веќе за 30 минути веќе имате повеќе од 50 проценти батерија.

Овој смартфон доаѓа во верзии од два и четири гигабајти „RAM“ и главна предност му е цената во однос на конкурентите. Уредот работи на оперативниот систем „Android Lolipop“, што значи дека постојат можности за забрана за користење на телефонот без овластување.

Спецификации:

Дисплеј: 5.5-инчи 1.920 x 1.080 (Full HD) резолуција

Процесор: 64-битен „Quad Core Intel“ 1.8 или 2.3 GHz

RAM: 2 GB или 4 GB

Камера: 13 MP задна и предна од 5 MP

Батерија: 3.000 mAh

Софтвер: „Android 5.0 Lollipop“

Димензии: 152,5 x 77,2 x 10,9-3,9mm, тежина 170g

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП