17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s го намали кредитниот рејтинг на Грција - два чекори до банкрот

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Грција – два чекори до банкрот

grcija-ecb-eu

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Грција на нивото Caa3, што е два степени од нивото кое oзначува банкрот, предупредувајќи дека се се помали шансите меѓународните кредитори да и дадат поддршка на Грција, без оглед на исходот од референдумот закажан за недела.

Новото намалување на рејтингот на Грција во неинвестициска територија, на два чекори од банкрот, доаѓа откако Грција не ја исплати ратата кон ММФ вредна 1,6 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Додека Грција и цела Европа чекаат на исходот од претстојниот референдум „Moody’s“ наведува дека реферeндумот претставува нов, сериозен ризик за приватните кредитори.

„Должничката криза во Грција станува „многу опасна“, но сеуште нема знаци дека таа ќе се прошири на останатите земји од еврозоната“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП