8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИACE го купува конкурентот Chubb за 28,3 милијарди долари

ACE го купува конкурентот Chubb за 28,3 милијарди долари

ace chubb

Осигурителната компанија „ACE Ltd“ постигна договор за купување на конкурентот „Chubb Corp“ за 28,3 милијарди долари во кеш и акции, обезбедувајќи ја една од најголемите трансакции за оваа година.

Акционерите во „Chubb“ ќе добијат по 62,93 долари во кеш и 0,6019 акции на „ACE“ во вкупна вредност од околу 124,13 долари за акција. Цената е со околу 30% над онаа при затворањето на берзанскиот ден во вторникот.

Компаниите очекуваат трансакцијата да заврши официјално во првиот квартал на следната година.

Акционерите во „АСЕ“ ќе поседуваат 70% од новата компанија која ќе оперира под името на „Chubb“ на глобално ниво. Еван Гринберг, извршниот директор на „ACE“, ќе е раководител на комбинираната компанија. Неговиот колега од „Chubb“, Џон Финеган пак ќе е извршен потпретседател за Северна Америка и ќе придонесе за интеграцијата.

Четворица независни директори од Бордот на „Chubb“ ќе бидат додадени на Бордот на обединетата компанија, соопштија двете компании.

„Chubb“ беше еден од најголемите потрошувачки и бизнис осигуреници во САД во минатата година. Компанијата со седиште во Њу Џерси забележа профит од 2,5 милијарди долари и продажба од 12,6 милијарди долари.

Акциите на „ACE Ltd“ се тргува при 101,68 долари предпазарната сесија во средата, а оние на „Chubb“ при цена од 95,14 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП