30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои градови хотелите се најскапи, а во кои најевтини (фото)

Во кои градови хотелите се најскапи, а во кои најевтини (фото)

hoteli pet

Сан Франциско се прослави со рекордни цени на имотот, како и со рекордните цени на канцеларии за изнајмување.

Концентрирањето на технолошки компании во градот го изведе до првата позиција на уште една листа – просечни цени на хотелите за ноќевање. Цената за престој во хотелите во Сан Франциско се зголеми за 88% во последната една година или до рекордни 397 долари за вечер.

hoteli pet1

Ова го става градот на прво место во светот по најскапи хотели, пред Женева, каде што цената на ноќевање е во просек 292 долари. На третата позиција е Милано со просечна цена на ноќевања од 271 долари. Милано е другиот град, каде што цените на хотелите бележат значителен раст во износ од 46,9% за ноќевање. Следат Чикаго и Мајами, кои го делат четвртото место со 240 долари за ноќевање, според рангирањето на сајтот за патувања „Expedia.com“.

hoteli pet2

Во голема мера зад рекордното покачување во нивото на ноќевањата во Сан Франциско стојат уште фактори, како малиот број хотели во градот во услови на таргетирање на нови згради кои се користат како станови и канцеларии, објекти кои имаат силна побарувачката.

Најголем пад во цените на ноќевањата во хотелите во Европа во последната година е регистриран во Будимпешта. Таму цените се намалија со над 50% или во просек 85 долари на вечер. Сериозно намалување бележат ноќевањата во хотелите и во Париз со 37% до 146 долари.

 

hoteli pet3

Најевтиното ноќевање на глобално ниво останува во хотелите во Ханој (Виетнам), каде ноќевање ќе ги чини посетителите едвај 62 долари за вечер.

Во однос на луксузните хотели, Женева ја предводи листата на најскапиот престој во хотел со пет ѕвездички со просечна цена на ноќевање од 622 долари за вечер. Зголемувањето на цената е со 1,3% на годишна основа. На второ место се наоѓа во Лос Анџелес со просечна цена за ноќевање од 582 долари и поскапување на годишна основа од 21,1%. Третото место според овој индикатор е за Мајами со цени од 430 долари, одблизу следен од Единбург со 428 долари и Милано и Токио, каде што цените се израмнети на 420 долари за ноќевање во хотел со пет ѕвездички. Најевтин престој во хотел со пет ѕвездички е во Москва и Манама (Бахреин), каде што просечната цена на ноќевање е 228 долари на вечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП