11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер: Со чиста совест ќе одам во рајот

Блатер: Со чиста совест ќе одам во рајот

sep blater23

Претседателот на ФИФА, Јозеф Сеп Блатер, за германски Бунте, рекол дека совеста му е чиста и дека нема никаква врска со корупциската аферата која ја погоди организацијата.

„Верувам дека кога ќе дојде време ќе одам во рајот“, рекол 79-годишниот Блатер.

Голем корупциски скандал ја тресе ФИФА уште од крајот на мај, кога непосредно пред конгресот на организацијата во Цирих, по налог на ФБИ швајцарската полиција уапси седуммина високи функционери на ФИФА.

Сепак американското обвинителство не го обвини Блатер, но и покрај тоа речиси целокупното раководство на ФИФА е под истрага.

Веднаш по апсењето Блатер избори петти мандат, но само три дена подоцна објави дека поднесува оставка, а потоа ретерираше дека тоа не го сторил и декаќе поднесе оставка на наредниот Конгрес кога ќе се избира неговиот наследник.

„Имам чиста совест, секој ќе ќе ме нарече корумпиран ќе мора тоа и да го докаже, но тоа е невозможно бидејќи не сум корумпиран. Имам златен крст кој е благословен од папата Фрањо и верувам дека еден ден ќе заминам во рајот“, рекол Блатер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП