Од фабриките на чешкиот производител за три години излегле 500.000 примероци на моделот „Rapid“ во седан и хечбек верзии. Лимузината беше претставена во 2012-та година, а една година подоцна и се придружи и „Rapid Spaceback“.
„Škoda Rapid“ моментално е вториот најпродаван модел на компанијата (зад „Oktaviа“) со 91.400 автомобили колку што беа испорачани ширум светот во првите пет месеци од 2015-та, што претставува раст од 12,3% во споредба со истиот период од 2014-та
„Rapid“ се изработува во две каросериски верзии, како лимузина (со пет врати) и хечбек.
Овој модел е позициониран меѓу „Fabiа“ и „Oktaviа“, а е замислен како пристапно возило наменето пред се за големите пазари во развој (Кина, Русија, Индија…).
Името го доби по истоимениот модел кој „Škoda“ го произведуваше меѓу двете големи војни.
Современата верзија денес се произведува во четири фабрики на два континенти.
Во погонот во Млада Болеслав во Чешка се направени околу 219.000 aвтомобили, во Кина 188.000 возила, во Русија 35.000 примероци, а во Индија 58.000 единици.
Од производните ленти досега слегоа околу 368.000 „Rapid“ лимузини и 132.000 примероци од верзијата „Spaceback“.