Компанијата Панасоник планира да го намали обемот на производство за телевизори. Според некои медиуми оваа компанија планира да го затвори погонот во главната фабрика во Амагасаки каде се произведуваат плазма телевизорите.
Одделението за телевизори во Панасоник во својот ек (2009/2010) и донесе на компанијата приход од 10.5 милијарди долари, но се предивидува дека во 2015/2016 година оваа дивизија да продава многу помалку.
Се очекува производството на плазма панелите на Панасоник да престане во текот на 2014-та година.
Портпаролот на компанијата потврдил дека во моментов разгледуваат повеќе опции, но дека се уште не е ништо конкретно одлучено.
Останува да се види дали само плазма телевизорите ќе бидат исклучени од производство, затоа што во наредните три години црно им се пишува и на ЛЦД моделите.