
„Honda“ објави нови фотографии од својот мал „SUV“ модел пред почетокот на продажбата на европскиот пазар.


„Honda“ објави нови фотографии од својот мал „SUV“ модел пред почетокот на продажбата на европскиот пазар.
Јапонскиот производител се вклучува во растечкиот сегмент на подкомпактни „SUV“ возила со моделот „HR-V“. Во класата во која конкуренцијата е се поголема, „Honda“ ќе се обиде да ги превземе купувачите на автомобили на другите брендови.

Во компанијата очекуваат 70 отсто од идните сопственици на „Hondа HR-V“ во Европа да бидат клиенти кои претходно возеле автомобил на некој друг производител, пред се „MPV“ или хечбек.
Со должина од 4,3 метри, „Honda HR-V“ е насочен кон младите купувачи, самците, како и паровите кои се уште немаат деца, како и на оние кои при изборот на возило им се важни дизајнот и функционалноста.

Еден од продажнтите адути ќе биде и системот „Magic Seat“ кој овозможува бројни промени на конфигурацијата на седишта, со цел автомобилот да се прилагоди според потребите на сопствениците, како и за превозот на луѓе, така и за багаж.
Основната зафатнина на багажникот е 453 l, a со навалување на седиштата се зголемува на 1.026 l.
Во почетокот во понудата ќе бидат два мотори, 1.6-литарски „i-DTEC“ дизел со 120 ks и 1.5-литарски „i-VTEC“ бензинец со 130 ks.

Двата мотори стандардно се поврзани со мануелен шестстепен преносен систем, додека бензинецот може да се нарача и со изборен „CVT“ менувач.
„Honda HR-V“ пристигнува во европските продажни салони во текот ова лето.