1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБесконтактно плаќање и поврат на средства со дебитните картички на КБ

Бесконтактно плаќање и поврат на средства со дебитните картички на КБ

karticki 3003

Комерцијална банка информираше дека го воведува најсовремениот начин на плаќање со нејзините картички. Станува збор за е–бесконтактното плаќање кое се врши за само една секунда.

Бесконтактниот начин на плаќање, брзо, едноставно и безбедно со картичките на Комерцијална банка е овозможен за секоја поединечна трансакција до 750 денари. За секоја трансакција над 750 денари ќе треба да се внесе ПИН кодот. Овој начин на плаќање е совршен за мали набавки и помага да се намалат редовите пред касите, бидејќи целата трансакција трае само неколку секунди, се вели во соопштението на банката.

Во моментов бесконтактното плаќање е овозможено со картичките Debit MasterCard дебитна картичка и Visa Electron дебитна картичка на Комерцијална банка.

Постарите верзии од наведените картички што не ја содржат бесконтактната технологија можат без надомест да бидат заменети во експозитурите на Комерцијална банка.

Бесконтактното плаќање функционира на посебно означени продажни места кои се опремени со оваа современа и безбедна технологија. Бројот на ваквите продажни објекти во Македонија и во светот веќе е голем, но и постојано се зголемува.

Бесконтактната технологија е базирана на глобални стандарди за безбедност. Називот „PayPass“ го користат MasteCard бесконтактните картички, додека истата технологија кај Visa бесконтактните картички се нарекува „PayWave“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП