9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропскиот Суперкуп во 2017-та ќе се игра во Скопје

Европскиот Суперкуп во 2017-та ќе се игра во Скопје

uega super cup 002

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година.

Одлуката ја донесе Извршниот комитет на УЕФА на состанок во Прага, а на прес конференција ја соопшти Џани Инфантино, генерален секретар на европската куќа на фудбалот.

Скопје во август 2017-та година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и ФФМ кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан.

УЕФА во Фудбалската федерација на Македонија  добива партнер кој посветено ќе работи на успешна организација на најголемиот фудбалски и спортски настан што Македонија воопшто ќе го организира.

„Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност. Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан“, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Натпреварувањето под капата на УЕФА започна да се организира во 1973-та година. Милан е најуспешниот тим со освоени пет титули. Во август годинава, Барселона и Севилја ќе се борат за трофејот во Тбилиси, Грузија. Откако УЕФА реши Суперкупот да не се игра само во Монако, овој натпревар се одржуваше и во Кардиф (2014-та година) и Прага (2013-та година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП