12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстртит, силен раст на „индексот на стравот“

Остар пад на Волстртит, силен раст на „индексот на стравот“

berza zvonce

Цените на акциите на Волстрит во понедленикот забележаа најголем дневен пад од октомври минатата година бидејќи инвеститорите стравуваат дека Грција ќе банкротира и ќе излезе од еврозоната.

Dow Jones се спушти за 350 поени, или 1,95 отсто, на 17.596 поени, додека S&P 500 потона 2,09 отсто, на 2.057 поени, а Nasdaq се намали за 2,40 отсто, на 4.958 поени.

Како и на останатите светски берзи, цените на акциите на Волстртит остро паднаа вчера бидејќи Грција е на чекор до банкрот и се заканува излегување од еврозоната.

Со оглед дека пропаднаа преговорите помеѓу Грција и нејзините кредитори за натамошна финансиска помош и со оглед дека Атина порача дека не може во вторник да му ја плати на ММФ ратата од 1,6 милијарди евра, Грција се поизгедно е дека ќе банкротира на 30 јуни.

Грчката влада најави распишување на референдум за 5 јули со цел граѓаните да кажат што мислат за условите на меѓународната финансиска помош. Во страв од банкрот на државата, Грците реагираа со повлекување на пари од банките, по што владата воведе контрола на капиталот, односно ограничувања во повлекувањето на пари за да спречи уривање на банкарскиот систем.

Иако грчката економија е мала, а повеќето американски компании не се значително директно изложени на грчкиот пазар, инвеститорите стравуваат од последиците од можното излегување на Грција од еврозоната.

„Не постои механизам за исфрлање од еврозоната, тоа никогаш претходно се нема случено. А кога не знаете што може да се случи, ги продавате акциите и се повлекувате од берзите“,вели Брајан Батл, директор во компанијата  Performance Trust Capital Partners.

На повлекување на инвеститорите од пазарот укажува и зголемениот обем на тргување. На американските берзи вчера беа истргувани 7,3 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во овој месец изнесува 6,3 милијарди.

На загриженост на инвеститорите упатува силниот скок на VIX „индексот на стравот“ на берзата за опции во Чикаго за 34 отсто, на 18,8 поени. Тоа покажува дека инвеститорите дополнително ги осигуруваат своите портфолиа од можен натамошен пад на цените на акциите.

Под најголем притисок вчера беа акциите на американските банки кои држат околу 12,7 милијарди долари грчки долг. Цените на акциите на Wells Farg, JPMorgan Chase и Goldman Sachs паднаа за околу 2,5 отсто.

Инвеститорите ги загрижува банкротот на Порторико, откако гувернерот на карипската држава порача дека не може да се платат доспеаните обврски и побара реструктуирање на долгот од околу 73 милијарди долари.

Лошо врз берзите влијаеше и продолжувањето на остриот пад на цената на акциите на берзата во Шангај. Од 12 јуни тамошниот индекс се стрмоглави за над 20 отсто.

Иако во саботата киненската централна банка ја намали клучната каматна стапка за да потикне раст на економијата, што обично позитивно влијае врз берзата, аналитичарите признаваат дека не знат кога ќе биде сопрен падот на цените на акциите во Шангај.

Падот на цените на акциите на Волстрит вчера беше помал во споредба со оној на европските берзи.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски берзи потона за 2,8 отсто, најмногу од октомври минатата година. Притоа лоноднски FTSE индекс се спушти за 1,97 отсто, на 6.620 поени, додека франкфуртски DAX падна за 3,56 отсто, на 11.083 поени, а париски CAC 3,74 отсто, на 4.869 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП