14 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi не се брза да направи пробив во САД

Xiaomi не се брза да направи пробив во САД

mi usa 200

Се чини дека сепак ќе мине уште некор време пред кинескиот производител „Xiaomi да стартува со продажба и сериозен маркетинг во САД.

Некогашниот реководител во „Google“, Хуго Бара, а сега потпретседател на компанијата „Xiaomi“, можеби и разочара многумина во својата неодамнешна изјава во врска со ова прашање.

Имено тој порача дека иако од „Xiaomi“ се заинтересирани да остават своја трага во САД, компанијата нема да има агресивен настап за да го стори тоа. Наместо тоа, Бара ги повтори плановите на неговата компанија да тестира во САД по пат на продажба на носиви уреди, а тука пред се мисли на „Band“ нараквицата од 15 долари, како и слушалки.

Во Кина „Xiaomi“ направи вистинско чудо, секој модел на телефон им се продава многу добро, па прашање на време е кога сериозно ќе тргнат и на останатите светски пазари. Бара сепак спомена неколку пречки за влез на американскиот пазар, пред се тука мислеше на системот за субвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП