5 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова истрага против Deutsche Bank?

Нова истрага против Deutsche Bank?

deutsche_bank121

Германското обвинителство започна последователена прелиминарна истрага за улогите на поединци во врска со учеството на „Deutsche Bank“ во скандалот на манипулација на каматните стапки, соопштува „Ројтерс“ базирајќи се на информации на „The Financial Times“.

Претходно овој месец, Агенцијата соопшти дека регулаторниот орган на Германија – „Bafin“, упатил сериозни критики против „Deutsche Bank“ во извештајот од истрагата за манипулирање со меѓубанкарските каматни стапки, како „Libor“.

Германскиот регулатор ја истражува банката и нејзината улога за време на финансиската криза, кога светскиот меѓубанкарски механизам за каматни стапки на кредитите беше манипулиран.

Сега обвинителството во Франкфурт ќе започне нова истрага по објавувањето на извештајот, кој беше исклучително критичен кон однесувањето на гувернери на банката во времето кога се поврзуваат со играта со каматните стапки.

Секоја нова истрага ќе ги продлабочи правните тешкотии на „Deutsche Bank“ и ќе ја комплицираат задачата на идниот извршен директор Џон Крајан, кој треба да ја преобрази банката, преземајќи ја позицијата од 1-ви јули.

Крајан беше избран за нов извршен директор, откако сегашните двајца ја напуштија функцијата во јуни по серијата регулаторни несогласување, неисполнети ветувања за претставувањето на банката и недоверба од страна на акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП