6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на курсот на еврото

Остар пад на курсот на еврото

evro 003

Денеска еврото на валутните пазари се најде под силен притисок од грчката должничка драма и покрај пораките на функционерите од еврозоната дека блокот сега е целосно подготвен за евентуални шокови за разлика од избувнувањето на должниката криза и дека ќе стори се за да се задржи стабилноста на заедничката валута.

Курсот на еврото изутрината во еден момент падна за 1,9 отсто, на само 1,0955 долари, најниско ниво за последниот месец, по што закрепна и моментно се движи нешто над 1,10 долари.

Во однос на јапонската валута цената на еврото потона за над 3 отсто, на 133,80 јени, најниско ниво за пет недели.

Јапонската валута која се смета за сигурно прибежиште во несигурни времиња, зајакна и кон американската. Курсот на доларот изутрината падна на 122,10 јени, додека во петокот изнесуваше 123,85 јени.

Швајцарскиот франк, кој исто така важи за сигурно прибежиште во несигурни времиња, исто така изутрината зајакна кон еврото, па цената на заедничката европска валута падна на 1,0260 франци, најниско ниво од крајот на април.

Сепак, аналитичарите уверуваат дека на валутите пазари не владее паника.

„Тргувањето засега е изненадувачки добро, со оглед на реакциите какви се очекуваа по вестите за време на викендот. Можеше да биде многу полошо“, вели Барт Вакабајаши, валутен стратег во компанијата State Street Global Markets.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП