17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапочна испораката на Sony Xperia Z3+ (видео)

Започна испораката на Sony Xperia Z3+ (видео)

z3 xperia333

„Sony“ на својот официјален блог потврди дека започна испораката на нивниот нов предводник, „Sony Xperiа Z3+“ која минатиот месец беше најавена.

Телефонот како и обично постепено ќе биде достапен на сите светски пазари, а најпрво на оние во кои „Sony“ традиционално има најголема база на корисници, а веќе смартфонот го има во Јапонија, Велика Британија и Индија по цена од 755 долари.

„Sony Xperia Z3+“ пристигнува со процесорот на „Qualcomm“ – „Snapdragon 810 SoC“, како и 3GB RAM и „Adreno 430“ графички чип. Металната рамка околу овој телефон е малку потенка од онаа на неговиот предводник, а целиот телефон е и малку полесен.

„Z3+“ e опремен со 5,2-инчен „full-HD“ екран, а пристигнува и со „nanoSIM“ модул и поддршка за „4G“. Покрај тоа, телефонот може да „прими“ и „microSD“ картичка со капацитет до 32 GB, додека за поврзаност користи вградени „Bluetooth“ и „Wi-Fi“ модули. Како и неговиот претходник, „Z3+“ е отпорен на вода и прашина, а содржи и 20,7-мегапикселна задна и 5-мегапикселна предна камера.

За долгата автономија е задолжена батерија со капацитет од 2,930 mAh зa која „Sony“ тврди дека по 45 минути полнење е способна да издржи до 580 часа во „stand-by“ начинот на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП