26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz ja „освежи“ A Сlasѕ (фото+видео)

Mercedes-Benz ja „освежи“ A Сlasѕ (фото+видео)

klasicka a

„Mercedes-Benz“ ја претстави својата „освежена“ серија „A Сlasѕ“ која доби прилагоден изглед на екстериерот, нови карактеристики и обновена линија на мотори која го вклучува и моќниот „A45 AMG“ модел, како и новиот супер економичен дизел модел.

klasicka a1

Екстериерот на возилото е подобрен со новиот преден браник кој сега доби остар изглед, потоа „дијамант“ решетка на моторот како стандардна, односно нови изборни „LED“ светла, обновени задни светла, како и нов заден браник во кој се интегрирани издувните цевки.

klasicka a2

Во кабината, дизајнерите на „Mercedes“ вметнале „dual“ инструмент уреди, како кај моделите „CLA“ и „GLA“, нови прекинувачи, подобрен инфо-забавен систем кој изборно може да биде опремен со 8 инчен екран и кој сега е компатибилен со опциите „Apple Car Play“ и „MirrorLink“, преработени седишта, како и нови бои и подобрени материјали.

klasicka a3

Oсновниот модел сега е „A160“ кој поседува четирицилиндарски мотор со моќ од 102ks и зафатнина од 1.6-литри. Вториот нов модел е „A180d BlueEfficiency“ , кој е најеколошки модел досега од „A Сlasѕ“. Станува збор за возило опремено со 1.5-литарски мотор кој комбинирано троши само 3.5L/100km со емисија на CO2 oд 89g/km. Oвој мотор развива моќ од 108ks.

klasicka a4

Покрај споменатите два погонски агрегати достапни се и „A220d“, како и „A250“. Нова карактеристика кај овие модели е прилагодливот систем на суспензија кој е наречен „Dynamic Select“ и кој е стандарден кај „A200d 4MATIC“, „A220 4MATIC“, „A220d 4MATIC“, „A250 4MATIC“, „A250 Sport“ и „A250 Sport 4MATIC“.

klasicka a5

Сите споменати модели се опремени со „7G-DCT“ трансмисија. Конечно, „Mercedes“ креираше и нова „Motorpsort Edition“ верзија која е инспирирана од „F1“ тимот на оваа компанија и која ќе биде достапна со сите верзии на мотори од A200/A200d па нагоре.

klasicka a6

Станува збор за верзија која има зелени украси на каросеријата и која поседува „AMG“ тркала, како и стандардни спортски седишта во кабината.

klasicka a7

„Mercedes-AMG A45 4MATIC“ отвора нова димензија кога станува збор за динамичните возила. Со максимална излезна моќ од 381ks и вртежен момент од 475Nm, новиот основен „Mercedes-AMG“ модел е најмоќниот компактен спортски модел во светот.

klasicka a8

Овој хечбек може да забрза од 0 дo 100 km/h зa само 4.2 секунди, 0.3 секунди побрзо од претходниот модел. Ниту еден модел со високи перформанси неможе да се пофали со подобра потрошувачка на гориво од 6.9L/100km и со емисија на СО2 oд 162 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП