Производителот на суперавтомобили „McLaren Automotive“ забележа рекордна добивка и продажба за последната финансиска година, што покажува дека пазарот за возила кои чинат шест и седумцифрени суми останува силен на глобално ниво.
Британски производител доставил 1.649 примероци во 2014-та година, или за 18% повеќе од 2013-та година. Приходите на компанијата забележаа скок за 67% или до 475 милиони фунти, или околу 750 милиони долари, додека оперативната добивка се зголемува за 68% или до 20.8 милиони фунти (околу 33 милиони долари).
Главниот извршен директор Мајк Флит додава дека 2015-та година изгледа „ќе донесе нови силни резултати за „McLaren““.
Компанијата веќе распродаде два од четирите модели кои оваа година ги претстави. „McLaren“ исто така има продадено 248 автомобили од моделот „P1“, а секој од нив чини над 1,3 милиони долари.
Автопроизводителот најави дека е на пат да го зголеми повеќе од двојно производството или до 4.000 возила годишно во 2017-та година. Така компанијата ќе го стигне „Lamborghini“, кој за 2014-та година има продадено вкупно 2.530 возила.
Поголем дел од зголемувањето ќе дојде од новиот основен модел на спортски автомобил на компанијата – „570S“, чија почетна цена ќе биде околу 185.000 долари и на тој начин ќе конкурира според цената на најевтините модели на „Lamborghini“ и „Ferrari“.
Брзиот раст и мноштвото нови модели на „McLaren“ ја потресоа индустријата, но останува да се види дали компанијата може да го задржи своето производство на квалитет, инженерството на иновации и атрактивност за богатите купувачи, додека расте.
Во 2014-та година растот е најголем во Азија, каде што има 80% раст на продажбата. Северна Америка останува најголем пазар на компанијата и сочинува 30% од нејзината продажба.