11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu претстави Ubuntu смартфон за европскиот пазар

Meizu претстави Ubuntu смартфон за европскиот пазар

meizu ubuntu002

Кинескиот производител на смартфони „Meizu“ претстави во Европа паметен телефон со оперативен систем „Ubuntu“ – „Edition MX4“.

Нетрадиционално е дека уредот е со високи технички карактеристики за разлика од смартфоните кои досега имаа „Ubuntu“, обично тие беа од ниската ценовна класа. Оперативниот систем „Ubuntu“ е замислена како алтернатива на популарниот „Android“, но досега тој не успева многу добро да го најде патот до масовните корисници.

meizu ubuntu003

Уредот ќе се нуди по цена од 299 евра и ќе биде достапен во сребрена и златна боја. Во однос на техничките карактеристики, тој се одликува со 5.36-инчен дисплеј со резолуција од 1.152 x 1.920 пиксели и „Gorilla Glass 3“ стакло, 16 GB внатрешна меморија и 20,7-мегапикселна задна камера.

Смартфонот ќе може да се купи по добивање на покана. Од компанијата прецизираа дека тоа се прави за да се здобијат со популарност и да може производителот да натрупа залиха во резервите. Засега не е познато колку покани имаат испратено од овој производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП