4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Вардар и Металург ги добија противниците, Барса доаѓа во Скопје

ЛШ: Вардар и Металург ги добија противниците, Барса доаѓа во Скопје

Image

Вардар и Металург ги добија противниците против кои ќе играат во новата сезона во Лигата на шампионите.

Најквалитетното европско ракометно натпреварување од оваа сезона се игра по нов формат, поквалитетните тимови ќе играат во А и Б групите, меѓу кои е и Вардар, додека Металург е во онаа втора половина, односно меѓу тимовите кои ќе се натпреваруваат во Ц и Д групите.

Вардар немаше многу среќа на жрепката која се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена.

Македонскиот шампиони се најде во Б групата која ја предводи европскиот првак Барселона, а тука се уште и полски Киелце кој во претходната сезона го елиминираше Вардар во четвртфиналето.

Покрај Барселона и Киелце, противници на Вардар ќе бидат и дански Колдинг Копенхаген, унгарски ПИК Сегед, Рајн Некар од Германија, шведски Кирстијанштад и француски Монпелје.

Во Групата Б се Кил (Германија), Веспрем (Унгарија), ПСЖ (Франција), Цеље (Словенија), Висла (Полска), Загреб (Хрватска), Бешикташ (Турција) и Фленсбург (Германија).

Екипата на Металург во главната жрепка се најде откако доби специјална покана од Европската ракометна федерација, и доби релативно лесна група.

Во Д групата противници на Металург ќе бидат дански Скјерн, украински Мотор Запорожје, швајцарски Кадетен Шафхаузен, Баја Маре од Романија и квалификант.

Во Групата Ц ќе се натпреваруваат: Ла Риоха (Шпанија), Брест Мешков (Белорусија), Чеховски Медведи (Русија), Порто (Португалија), Војводина (Србија) и Татран Прешов (Словачка).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП