29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНема криза за Rosneft, профитот поголем за 30 проценти

Нема криза за Rosneft, профитот поголем за 30 проценти

The Kremlin is reflected in the polished

Нето профитот на „Rosneft“ во првиот квартал оваа година достигна 56 милијарди рубљи (918 милиони евра), што е за 30,2 % повеќе отколку во истиот период 2014 година.

Аналитичарите во анкетата на агенцијата Интерфакс очекуваа добивка на ниво од 47 милијарди рубљи.

Приходите од продажбата изнесувале 1.288 милијарди рубљи.

Падот на светските цени на нафтата, кој изразен во рубљи изнесува 12 проценти во однос на првиот квартал минатата година, „Rosneft“ успеа да го компензира со ефикасното користење на ресурсите и високите маржи, така што тоj изнсувал 6,3 проценти во споредба со првите три месеци минатата година, се вели во соопштението.

Ревидираните приходи пред даноците, каматата и амортизацијата (ЕБИТДА) изнесувал 286 милијарди рубљи.

Чистиот долг на „Rosneft“ во првиот квартал оваа година бил 2,500 милијарди рубљи, што е за 2,5 проценти повеќе во однос на почетокoт на годината, наведува Интерфакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП