18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на новиот Cruze (фото+видео)

Светска премиера на новиот Cruze (фото+видео)

Chevrolet-Cruze-04

Американскиот производител „Chevrolet“ ја претстави официјално новата генерација на моделот „Cruze“. Тој ќе се произведува во фабриката во Охајо, САД, а ќе се нуди на пазарите во повеќе од 40 земји.

Chevrolet-Cruze-01

Втората генерација на „Chevrolet Cruze“ е базирана на новата платформа која обезбедува повеќе великодушни димензии и мала тежина. Вкупната должина на седанот е зголемена за 68 мм, а меѓуоскиното растојание достигнува 2700 мм.

Chevrolet-Cruze-03

Висината на каросеријата е редуцирана за 25 мм, а вкупната тежина е намалена за 113 килограми во однос на првата генерација „Cruze“. Освен тоа моделот има подобрен коефициент на влечење, кој е сведен до 0,29.

Chevrolet-Cruze-05

Исто така новина е моторот со зафатнина од 1,4 литри. Тој е бензински и генерира 153 КС и 240 Нм. Моторот може да биде опремен со мануелен или автоматски менувач, кој обезбедува забрзување од место до 60 милји на час за 8 секунди. Потрошувачката на гориво е 6,8 l/100 km.

Chevrolet-Cruze-07

Ентериерот на втората генерација „Cruze“ нуди поголем простор, најмногу во вториот ред седишта. Материјалите се со повисок квалитет, а на инструмент таблата има стандарден информативен екран кој покажува информации. Инфо-забавниот систем се потпира на 7- или 8-инчен дисплеј, нудејќи поврзаност со „Android Auto“ и „CarPlay“.

„Chevrolet Cruze“ ќе се произведува во фабриката на „GM“ во Охајо, САД. Моделот ќе се нуди на повеќе од 40 пазари во светот. Европа не е меѓу нив, бидејќи брендот „Chevrolet“ ги прекина операциите на овој континент.

Продажбата на моделот стартуваат на почетокот на следната година. Во 2017-та година треба да се појави хечбек верзија, како и дизел модификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП