17 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung: Oваа година нема да го претставиме Galaxy S7

Samsung: Oваа година нема да го претставиме Galaxy S7

sedmica 3800

Неодамна се појавија првите шпекулации дека компанијата „Samsung“ ќе го претстави наследникот на својот премиум смартфон „Galaxy S6“ во втората половина од оваа година.

Според очекувањата „Galaxy S7“ би требало повторно да го има процесорот кој е производ на „Samsung“, но пристигна информација дека премиерата на овој телефон нема да се случи оваа година.

Како што наведува „Business Korea“, по нивната објавена вест тие добиле официјално соопштение од одделението за маркетинг во „Samsung“ кое гласи:

„Нема промена во нашата политика во распоредот за претставување на нови производи, вклучувајќи ја и серијата „Galaxy S“.

Па така, како што и е вообичаено „Samsung Galaxy S7“ ќе биде претставен во првата половина од следната година. Сепак, оваа година ќе имаме можност да видиме два големи и моќни телефони на компанијата „Samsung“: „Galaxy Note 5“ и „Galaxy S6 Edge Plus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП