4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Nike порасна за 24 отсто, а приходите за 5 проценти

Добивката на Nike порасна за 24 отсто, а приходите за 5 проценти

nike

Компанијата „Nike“ во изминатото тромесечје оствари чиста добивка од 865 милиони долари, 24 отсто повеќе на годишно ниво, што е осми квартал по ред во кој најголемиот производител на спортска опрема оствари подобри од очекуваните деловни резултати.

Според извештајот објавен во четвртокот, приходите на „Nike“ пораснаа во неговиот фискален квартал, кој заврши на крајот на мај, за 4,8 отсто во однос на истиот период лани, на 7,78 милијарди долари.

Приходите во Северна Америка, најголемиот пазар на „Nike“, пораснаа за 13 отсто, што пред се’се должи на силниот 8,6 отстотен раст на продажбата на патики, најголемиот извор на приходи на „Nike“.

Благодарение на одличниот прв квартал „Nike“ ги зголеми своите проценки за продажба во целата тековна година, па сега се очекува нејзин раст по двоцифрена стапка.

По објавата на деловниот извештај, цената на акцијата на „Nike“ порасна во четвртокот на Волстртит за над 3 отсто, на 108 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП