20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Focus RS крие 350 „коња“ под хаубата (фото+видео)

Ford Focus RS крие 350 „коња“ под хаубата (фото+видео)

rs focus 01

Новата генерација „Ford Focus RS“ се појави уште во март на автосаемот во Женева, но до денес точните технички карактеристики на спортскиот хечбек не беа познати.

Веќе е потврдено. Новиот „Focus RS“ користи 2,3-литарски „EcoBoost“ мотор со четири цилиндри и систем за преполнување кој развива моќност од 350 Кс и максимален вртежен момент од 440 Нм.

rs focus 02

Благодарение на функцијата „overboost“, агрегатот е способен да обезбеди 470 Нм за околу 15 секунди.

Од „Ford“ објавија дека моторот на „Focus RS“ е целосно алуминиумски и има ограничување на брзината при 6800 врт/мин. Моторот кој се наоѓа и во новата генерација на моделот „Mustang“, го развива својот максимален вртежен момент при 2000 – 4500 врт/мин.

rs focus 03

Сепак дополнителните информации, динамичките индикатори на моделот со „AWD“ погон остануваат тајна. Тие најверојатно ќе бидат откриени за време на презентацијата на „Ford Focus RS“ во Гудвуд.

Продажбата на моделот во Европа почнуваат од почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП