7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо 2018-та ќе пристигне iPhone со флексибилен екран

Во 2018-та ќе пристигне iPhone со флексибилен екран

ajfon fleks

За во иднина „Apple“ планира да ја зголеми различноста во понудата на своите „iPhone“ телефони. Откако конечно го добивме „големиот“ модел во вид на верзијата „Plus“, наскоро не очекува некој друг новитет.

Сепак тоа нема да се случи толку брзо, но се шпекулира дека во 2018-та година ќе можеме да видиме закривен „iPhone“ кој ќе има флексибилен „OLED“ панел и по тоа ќе потсетува на смартфонот „LG G Flex“.

Како што наведува „Business Korea“, „Apple“ ќе се потруди за таа цел да ги ангажира најважните производители на диплеи. Иако изворот не наведува која ќе биде компанијата што ќе го произведува закривениот „OLED“ панел за „iPhone“ телефоните, но се верува дека тоа ќе биде „LG“.

Јужнокорејскиот гигант „LG“ веќе има вграден флексибилен екран во својот модел „G Flex 2“, но е и главен снабдувач на „Apple“ со „OLED“ панели кои се користат во паметниот часовник „Apple Watch“.

„Многу е веројатно дека првиот „iPhone“ со флексибилен екран ќе го видиме во 2018-та година“, се заклучува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП