15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Juke-R со 600 ks (фото+видео)

Nissan Juke-R со 600 ks (фото+видео)

r juke

Јапонската компанија „Nissan“ ја претстави новата верзија на првиот компактен суперкросовер. Моделот го носи името „Juke-R 2.0“ и ќе дебитира пред публика за време на Фестивалот на брзината во Гудвуд, Велика Британија.

r juke1

Новиот „Juke-R“ ја користи техниката на „GT-R NISMO“. Под хаубата на возилото е поставен 3,8-литарски „V6“ би-турбо мотор кој развива импресивни 600 КС и 652 Нм.

r juke2

Во моментов од „Nissan“ не ги откриваат динамичните индикатори на моделот, но можеме да бидеме сигурни дека тие се дури и поимпресивни од оние на првиот „Juke-R“, опремен со истиот мотор, но со „само“ 492 КС. Овој модел забрзува од место до 100 км/час за 3,7 секунди и развива 200 км/час.

r juke3

При верзијата 2.0-литри на „Juke-R“, која е базирана на новиот „Nissan Juke“ кој беше претставен во Женева, е во прашање подобрен бодикит. Тој се состои од преден браник со поголеми отвори за воздух, кој е изработен од карбон. Задниот браник е исто така од карбон, а демонстрира карбонски дифузор и интегриран издувен систем со две цевки.

r juke4

Новиот „Juke-R“ добил исто така пошироки лакови на тркалата, ковани бандажи, карбонски прагови и масивен заден спојлер. Внатрешноста е во црна боја, а тапацирот комбинира кожа и алкантара.

Во моментов не е познато дали „Juke-R 2.0“ ќе добие верзија која ќе биде пуштена на пазарот, но доколку тоа се случи сигурно нема да чини помалку од 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП