26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo ја откри новата Giulia QV (фото+видео)

Alfa Romeo ја откри новата Giulia QV (фото+видео)

g ulia

„Alfa Romeo“ го откри официјално долгоочекуваниот модел „Giulia“. Седанот ќе се појави пред публика на саемот во Франкфурт, а ќе се нуди како во Европа, така и во Северна Америка.

g ulia1

Италијанската марка покажа само една верзија на новата „Giulia“. Ова е максималната опција „Quadrifoglio Verde“ (QV), кој спаѓа во категоријата на автомобили како „Mercedes-Benz C63 AMG“, „BMW M3“, „Audi RS4“ и „Cadillac ATS-V“.

g ulia2

Новиот спортски седан на „Alfa Romeo“ се обложува на спортскиот изглед, а освен тоа има активен преден спојлер, масивни отвори за воздух на предниот капак, браникот и крилата, заден дифузор, елегантни спојлер и голем број на компоненти од карбон.

g ulia3

Од лесниот и здрав материјал се направени хаубата, покривот и каросеријата. Италијанските инженери постигнале распределба на масата меѓу предната и задната оска во сооднос 50 / 50. Вкупната тежина на моделот е околу 1,5 тони.

Слики од внатрешноста се уште не се објавени, а од компанијата велат само дека таа ќе нуди релативно мал волан според димензиите, квалитетни материјали и компоненти од дрво, алуминиум или карбон.

g ulia5

Погонот на „Giulia QV“, кој дели голем број компоненти со „Maserati Ghibli“, е доверено на 3.0-литарски „V6“ мотор со турбо, кој развива 510 КС. Агрегатот испорачува забрзување од место до 100 км/час за 3,9 секунди, а може да биде опремен и со систем 4х4. Стандардниот погон е на задните тркала.

g ulia4

Моделот располага со автоматска трансмисија со две спојки, како и со неколку режими на управување – динамичен, стандарден, економичен и спортски. Исто така се достапни и системот „Torque Vectoring“, електромеханичкиот систем за сопирање, издувен систем со четири цевки, директно управувачки систем и други.

g ulia6

Новиот седан на „Alfa Romeo“ ќе се продава на сите големи светски пазари, вклучувајќи ги Европа и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП