4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпјутерот на Lenovo со големина на USB Stick (фото)

Компјутерот на Lenovo со големина на USB Stick (фото)

stik lenovo1

Уште некој одлучи да се приклучи во битката кај ултрапортативните компјутери. Откако корисниците веќе ја прифатија идејата за компјутери со навистина минимални димензии, кои можат да ги вклучуваат во своите телевизори и монитори, од „Lenovo“ го претставија и својот предлог.

Уредот се нарекува „Lenovo Ideacentre Stick 300“ и практично е една подобрена верзија на концептот на „Intel Compute Stick“.

Целиот уред е со големина на флеш меморија и располага со процесор „Intel Atom“ со фреквенција од 1.3 GHz, 2GB RAM и 32GB вграден простор на дискот. Располага со „USB“ порта за поврзување и microSD слот за проширување на меморијата. Можностите за безжично поврзување се преку „Wi-Fi“ и „Bluetooth 4“.

stik lenovo

Стикот се поврзува преку „HDMI“ влез, а дебелината на уредот е само 15 милиметри. Ова го прави „Ideacentre Stick 300“ погоден за употреба дури и во присуство на многу други поврзани уреди.

Првичната конфигурација ќе се нуди со „Windows 8.1“, но неговите сопственици ќе имаат можност да ги искористат предностите од бесплатното ажурирање до „Windows 10“.

stik lenovo2

Уредот од „Lenovo“ е наменет за вашата дневна соба, додавајќи можности, на се уште недостижните дури и за најнапредните „smart“ телевизори.

„Ideacentre Stick 300“ ќе почне да се нуди во САД по цена од 129 долари, а продажбата почнуваат веќе следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП