
Британскиот производител Aston „Martin“ ја покажа новата спортска верзија на луксузното купе „DB9“. Моделот го доби додаток „GT“ во името и ќе биде претставен пред публиката за време на Фестивалот на брзината во Гудууд, Велика Британија.


Британскиот производител Aston „Martin“ ја покажа новата спортска верзија на луксузното купе „DB9“. Моделот го доби додаток „GT“ во името и ќе биде претставен пред публиката за време на Фестивалот на брзината во Гудууд, Велика Британија.

Новата модификација се одликува со црн преден спојлер и заден дифузор, различни предни и задни светла, уникатни бандажи со големина од 20 инчи, алуминиумско капаче на резервоарот со натпис „GT“ и други ексклузивното создадени компоненти.
Кабината нуди четири индивидуални седишта, тапацир од алкантара и кожа, како и контрастни шевови, кои можат да бидат порачани во различни бои.

Определен од производителот како најфасцинантниот „Aston Martin“ до денес, новиот „DB9 GT“ користи оптимизирана верзија на 6.0-литарскиот „V12“ мотор на компанијата. Во овој случај тој генерира 547 КС при 6750 врт/мин. и 620 Nm при 5500 врт/мин.
Агрегатот работи со автоматската трансмисија „Touchtronic II“, која е поставена во задниот дел на кабината и работи преку безжична технологија. Забрзувањето од 0 до 100 км/час се постигнува за 4,5 сек, а максималната брзина изнесува 300 км/час.

Возилото е опремено со специјално поставено независна суспензија со двојни носачи напред и назад, како и со индивидуализирани амортизери кои нудат неколку начини.
„Aston Martin DB9 GT“ е веќе достапен на пазарот. Цените во Велика Британија почнуваат од 140.000 фунти, а оние во Германија од 187.000 евра.