3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDacia ќе паузира 18 месеци

Dacia ќе паузира 18 месеци

dacia

Со женевската премиера на новиот „Logan MCV“, „Dacia“ ја заокружи понудата на најнови генерации на своите возила. Планови за нови развојни модели постојат, но тие сега се ставени во втор план, затоа што компанијата сака да ја зголеми продажбата, како и да навлезат на нови пазари.

Во последните неколку години романскиот производител претстави дури шест модели, од кои две потполно нови возила во нивната гама. Покрај втората генерација на „Logan“ во седан и караван варијанта и моделот „Sandero/Stepway“, на пазарот се појавија и мини-ван „lodgy“ и патничко-комерцијалното возило „Dokker“ чии сегмент припаѓа на „Renаult Kangoo“.

Челниците на „Renаult“ кои се сопственици на „Dacia“, велат дека во следните 18 месеци ќе дојде до извесна пауза кога станува збор за претставување на нови модели и дека ќе се посветат на експанзија на брендот на нови пазари како и зголемување на вкупната продажба.

„Имаме готови производи во кои многу инвестиравме и сега е време вложените пари да ни донесат приход. Во наредниот период ќе се фокусираме на растот на продажбата на возилата на „Dacia“, изјави шефот на компанијата „Renаult“, Карлос Таварес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП