АВТОБИЗ

Jaguar ги одбројува деновите до премиерата на својот кросовер (видео)

jagi kros

„Jaguar“ објави ново видео како најава на моделот „F-Pace“ кој ќе биде претставен на еден од големите авто-саеми во блиска иднина.

Засега не е познато дали кросоверот ќе биде базиран на концептот „C-X17“ од 2013-та. Двете возила би требало да имаат многу сличен дизајн, а ќе се разликуваат само во некои детали.

„Jaguar F-Pace“ е поставен на модуларна алуминиумска платформа.

Како што тврдат од оваа компанија, станува збор за лесна конструкција со голема цврстина и крутост, а поради својата модуларност, платформата може да се прилагоди на модели од различни автомобилски сегменти.

jagi kros 2

Понудата на мотори ќе биде слична како и кај лимузината „XE“.

Тоа значи дека треба да се смета на 2.0-литарска турбо-дизел единица која развива 200 ks, како и на два бензинци – дволитарски мотор со максимална моќ од околу 240 ks и 3.0-литарски „V6“ со компресор кој произведува околу 340 ks.

На располагање најверојатно ќе биде и моќен 5.0-литарски „V8“ кој ќе биде вграден во топ верзијата.

Од „Jaguar“ тврдат дека „F-Pace“ ќе внесе освежување во сегментот на луксузни кросовери, кобинирајќи спортски дизајн и возни карактеристики со просторна кабина и премиум содржини.

Кога на почетокот на 2016-та ќе се појави на пазарот, таму ќе го дочекаат ривали како што се „Porsche Macan“, „Mercedes GLC“, „BMW X3“ и „Audi Q5“.