ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка го зголеми својот регулаторен капитал за 35 милиони евра

Стопанска банка го зголеми својот регулаторен капитал за 35 милиони евра

stopanska banka 23003

Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје предложи на Собранието на акционери, Банката да го зголеми својот регулаторен капитал за 35 милиони евра, износ кој во моментов е вклучен во акумулираната добивка на Банката, наместо оваа добивка да биде дистрибуирана на акционерите.

Поради фактот што адекватноста на капиталот ќе се зголеми и значително ќе се подобри, Банката одлучи субординираните кредити кои беа земени во 2006 и 2008 година (со цел Банката во тоа време да ја подобри својата капитална позиција), да се вратат пред нивното достасување.

Резултатот од оваа одлука е позитивен за Банката, бидејќи капиталната база значително ќе се зајакне, давајќи и на Банката потик за натамошен раст во следните години, со што адекватноста на капиталот ќе достигне приближно 17%, а истовремено, Банката нема да плаќа дополнителна камата за овие кредити.

Овој предлог јасно е во интерес на Банката и земјата, за што Гувернерот на Народна банка на Република Македонија даде согласност да се реализира оваа одлука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП