30 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦените на премиум смартфоните масовно се намалуваат

Цените на премиум смартфоните масовно се намалуваат

c smart

Доколку сте од оние кои не го следат трендот и морате да го имате најновиот модел на смартфон, тогаш можеби сега е време за купување на нов уред.

Причината е излегувањето на најновите модели на повеќето од главните производители, а тоа иницира за сериозно намалување на цените на веќе „застарениот минатогодишен“ уред.

Во втората половина од годинава се очекува да бидат претставени нови модели, меѓу кои „iPhone 6S“, „Galaxy Note 5“, „LG Nexus 5 2015“, „OnePlus 2“, „Moto X“, „BlackBerry Passport“. Ова води до рекордно ниски цени кај смартфони како „Galaxy Note 4“, „Nexus 6“, „Moto X“, „OnePlus One“ и други.

„Galaxy Note 4“

c smart1

Овој смартфон може да биде купен по цена од 399 долари на сајтови како „eBay“. Достапен е во две бои – бела и црна, а цената е за моделот со 32 GB внатрешна меморија.

„OnePlus One“

c smart2

Цената на моделот беше намалена за 50 долари по повод излегувањето на новиот модел во третиот квартал на годината. Сега смета за еден од најдобрите евтини смартфони и е со цена од 249 долари за моделот со 16 GB RAM меморија, а цената за моделот со 64 GB внатрешна меморија е 299 долари.

„Moto X (2014)“

c smart3

Овој модел се очекува да биде заменет од третата генерација веќе оваа есен. Така цената му е веќе намалена до ниво од 299 долари во некои од меѓународните популарни сајтови за онлајн трговија.

„Google Nexus 6“

c smart4

Во „Google Play Store“, „Amazon“ и „Best Buy“ овој модел доаѓа со попуст од 150 долари. Така цената на 32-гигабајтниот модел е намалена до 499 долари. Моделот се очекува да биде заменет од два нови во оваа година – едниот се очекува да се произведува од „LG“, а другиот од „Huawei“.

„BlackBerry Passport“

c smart5

Популарниот модел на „BlackBerry“, еден од ретките модели на компанијата, на кој се радуваат на силениот интерес, веќе може да биде купен за сума од 499 долари, или за 50 долари под оригиналната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП